Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2021 година,
во споредба со декември 2020 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 7.7 %, а реално за 5.2 %), Трговија на мало,
освен трговија со горива (номинално за 5.1 %, а реално за 1.2 %), Трговија на мало со автомобилски горива (номинално
за 35.3 %, а реално за 9.5 %), а во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен
за 2.5 %, а реално е намален за 2.8 %.