Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, декември 2014

понеделник, 16 февруари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во декември 2014
година, во однос на декември 2013 година, изнесува 120.3.


Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2014, во однос на декември
2013 година, бележи пораст од 4.1%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од
27.4%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2014
година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст од 36.9%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 19.4%.


Според главните индустриски групи, прометот во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22.6%, Капитални производи за 70.6% и
Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 41.0% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 4.9%.


Индексот на прометот во индустријата во декември 2014 година, во однос на ноември 2014 година, изнесува
95.1, додека во периодот јануари-декември 2014 година, во однос на периодот јануари-декември 2013 година,
изнесува 115.5.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика