Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, декември 2020 година

петок, 12 февруари 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, изнесува 107.9.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.9 %, Капитални производи за 15.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.6 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, изнесува 88.1, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, изнесува 92.2.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, изнесува 99.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 10.2 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, изнесува 114.4, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, изнесува 96.5.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, изнесува 112.2.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за 16.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, изнесува 81.2, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, изнесува 91.1.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика