Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јануари 2014

понеделник, 17 март 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2014
година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 108.0.


Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2014, во однос на јануари 2013 година,
бележи опаѓање од 19.2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 18.3%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2014
година, во однос на јануари 2013 година, бележи опаѓање од 13.6%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 9.4%.


Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.7%, Капитални производи за 61.4% и
Tрајни производи за широка потрошувачка за 19.8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97.8% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 3.9%.


Индексот на прометот во индустријата во јануари 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува
105.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 749

е-пошта:  goran.stojkovic@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика