Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.




Социјална заштита на деца, млади и возрасни лица, 2022, 2022

 


Публикацијата содржи податоци за правата од социјална заштита на малолетни и на полнолетни корисници во
2022 година; податоци за установите за сместување на деца и млади без родители и родителска грижа; за установите
за згрижување лица со пречки во менталниот и во телесниот развој; установите за згрижување на деца и млади со
воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение; за установите домови за возрасни лица; за трговските друштва
за вработување инвалиди, како и податоци за меѓуопштинските центри за социјална работа.
Во него се презентирани и податоци за додатоците за деца во 2022 година, како и податоци за родителските
додатоци за дете за 2022 година.
Државниот завод за статистика вложува напори да овозможи прибирање на што повеќе податоци потребни
за државата и за меѓународните институции со проширување на содржината на обрасците, како и што поголема
споредливост на меѓународно ниво.
Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата улога да им ги даде на корисниците основните податоци
за организациите за социјална заштита на децата, младите и возрасните лица и за домовите за ученици/студенти.
Оценките и предлозите на корисниците ќе ги примиме со голема благодарност.


           
Датум на издавање: 16.11.2023
PDF:   Преземи ја публикацијата
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 53
ISBN: 978-608-227-339-6
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика