Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.




Годишни нефинансиски секторски сметки по институционални сектори
Република Северна Македонија
, 2018-2020

 


Оваа публикација нуди комплетен макроекономски збир на податоци со кој се воспоставени сите врски помеѓу реалниот сектор, статистиката за државните финансии, платниот биланс и монетарната статистика. Со тоа се создаваат потребните предуслови за креирање квалитетни макроекономски проекции и макроекономска политика.

Секторските сметки претставени во оваа публикација одговараат на методологијата на Европскиот систем на сметки (EСС) 2010.

Оваа публикација содржи податоци за сите компоненти на бруто-домашниот производ и за секоја сметка според ЕСС 2010.

Содржината на оваа публикација е презентирана во два дела.

Во првиот дел се претставени основните концепти, називите на сметките, институционалните сектори и трансакциите кои се во согласност со методологијата ЕСС 2010. За полесна ориентација во презентираните табели и подобро разбирање на нивната содржина, во овој дел од публикацијата се дадени кратки описи на системот на сметки, институционалните сектори и индикаторите, интегрираните секторски табели, вклучувајќи и кратко објаснување за основните извори на податоци што се користат за компилација.

Вториот дел од публикацијата содржи три табели со макроекономски показатели за три години, во периодот од 2018 до 2020 година и три интегрирани табели на секторските сметки за поединечните години.

Секторските сметки се јадрото на системот на национални сметки и нивната цел е да ги опфатат сите материјални, приходни и финансиски текови помеѓу поединечните институционални сектори и односите со странство и добиената состојба на средства и обврски. Овие текови и состојби се организирани во систем на сметки за да се обезбедат најповолни можности за анализи на моменталната состојба на економијата.

Од економска гледна точка, интегрираните секторски сметки даваат целосен преглед на целокупната економска активност на земјата. Тие претставуваат соодветен начин за презентирање на големо количество детални информации кои се систематизирани според меѓународно прифатените економски принципи и конвенции за функционирање на економијата.

Главна предност на целиот систем на секторските сметки е тоа што тие обезбедуваат кохерентни податоци кои се меѓународно споредливи. Овие две предности на системот се базираат на многу детални дефиниции и описи на индикаторите елаборирани во изминатите децении, а, главно, од општиот принцип на двојно сметководство.

Постигнувањето целосна теоретска кохерентност на целиот систем на секторските сметки е многу тешко во пракса, особено поради користењето на неколку десетици различни извори на податоци. Конкретен пример за неконзистентност е балансирачката ставка „нето-позајмување/задолжување“. Таа е балансирачка ставка на нефинансиските сметки во секој институционален сектор и за вкупната национална економија.

Оваа публикација беше подготвена во рамките на ИПА 2019, проект СП 1.6 Секторски сметки на експериментална основа. Некои показатели за балансирање се различни од оние што се веќе објавени поради имплементацијата на некои нови методи кои ќе бидат применети во националните сметки при следната ревизија на податоците.



           
Датум на издавање: 04.08.2023
PDF:   Преземи ја публикацијата
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 71
ISBN: /
ISSN: /
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика