Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.




Статистички годишник, 2022

 


Пред вас е најновото издание на една од најстарите и највредни едиции на Државниот завод за статистика -   Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија.
 
Прикажани на начин којшто на корисниците им го олеснува користењето, статистичките податоци од бројните статистички истражувања, пренесени во табели, графикони и мапи, овозможуваат добивање на јасна слика за демографските и социоекономските состојби во државата во 2021година. Освен тоа, во публикацијата се дадени и временски серии преку кои во споменатите  општествени сегменти можат да се следат и трендовите низ годините.
 
Севкупноста на статистичките податоци за состојбите во државата се потврдува и со презентираните статистички информации добиени од органите, организациите и институциите што го сочинуваат статистичкиот систем во Република Северна Македонија, а се координирани од Државниот завод за статистика како носител на официјалната статистика.
 
Истовремено, во публикацијата се прикажани и статистички податоци за земјите од Европа и пошироко што се споредени со податоците за Република Северна Македонија, со што се добива можност за стекнување на сознанија за демографскиот и социоекономскиот развој не само на државата, туку и на регионот, Европа и светот во глобала.
 
Определбата за веродостојна, објективна, квалитетна, навремена и достапна официјална статистика ја потврдуваме и со ова издание на Статистичкиот годишник. Со намера секое наредно издание да биде подобро од претходното, продолжуваме да инвестираме во човечките ресурси и во технологијата и ги очекуваме коментарите, забелешките, конструктивните критики и барањата на нашите корисници.
 
На тој начин, секој Статистички годишник ќе прерасне во наш заеднички успех, а со тоа станува и движечка сила за растот и развојот на Република Северна Македонија.
 
 


           
Датум на издавање: 25.10.2022
PDF:   Преземи ја публикацијата 21
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: /
ISBN: /
ISSN: /
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика