Како дел од европското статистичко семејство, Државниот завод за статистика, во ова издание, на еден поинаков начин презентира податоци за Република Северна Македонија и преку инфографици, графикони и табели дава приказ на дел од социоекономските движења во земјата. Државниот завод за статистика постојано вложува напори за развој и унапредување на дисеминациските продукти со цел да се приближи до поголем број на корисници и да ја зголеми свесноста за значењето на статистичките податоци и нивната употреба. Се надеваме дека и оваа година „МакСтат избор“ ќе го привлече вниманието на јавноста, а Заводот ќе продолжи со своите напори за зголемување на продукцијата на статистички изданија кои ќе нудат еден поинаков пристап кон статистичките податоци.