Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Македонија во бројки,
2016
Државниот завод за статистика ви ја дава Република Македонија на дланка преку најновото издание на „Македонија во бројки”, статистичка приказна за демографските и социоекономските состојби во државата. Почнувајќи со податоците за општите и регионалните статистики, населението и социјалните статистики, преку податоците за економијата, финансиите, приходите, потрошувачката и цените, како и податоците за земјоделството, индустријата, градежништвото, енергијата и трговијата, статистичкиот приказ води до податоците за транспортот, туризмот и споредба на државата со земјите од Европската унија и пошироко. Иако мала по формат, оваа публикација содржи бројни статистички податоци и информации од спроведените статистички истражувања коишто се преточени во табели, графикони и мапи. Прикажани на ваков начин, статистичките податоци се лесни за разбирање и користење. Како носители на официјалната статистика, со оваа публикација ја исполнуваме обврската за изработка на точни, веродостојни и навремени податоци што се достапни за сите корисници. Затоа, очекуваме ова содржински богато, џебно издание на „Македонија во бројки” да најде широка примена во општеството и да биде корисен прирачник во секојдневното работење.
Датум на издавање: |
30.06.2016 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
87 |
ISBN: |
|
ISSN: |
1409 - 665X |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
© Државен завод за статистика