Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.




Дипломирани студенти, 2014 (прв, втор и трет циклус)

 


Во овој Статистички преглед Државниот завод за статистика објавува статистички податоци за дипломираните
студенти на високообразовните установи во 2014 година, како и податоци за магистри, специјалисти и доктори на
науки во истата календарска година.
Податоците што се презентирани во Прегледот се резултат на редовните годишни истражувања од областа на
високото образование што се спроведуваат во сите високообразовни установи во Република Македонија и во научно-истражувачките установи во кои се организирани последипломски студии за стекнување звање магистер на науки или доктор на науки.
Податоците во Прегледот се систематизирани по видови на школи, отсеци и групи, според начинот на студирање
на студентите, местото на постојано живеење, возраста, полот, припадноста кон етничка заедница, студенти странски државјани кои дипломирале на факултетите и високите стручни школи во Република Македонија итн.
Покрај податоците за 2014 година, во Статистичкиот преглед се објавени податоци и за дипломираните студенти,
магистри, специјалисти и доктори на науки во претходните години, со што е овозможено анализирање на динамиката на завршените студенти во подолг временски период, т.е. од 1962 до 2014 година.


           
Датум на издавање: 31.12.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.11Mb
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 110
ISBN: 978-608-227-217-7
ISSN:
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика