+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.




Одржлив развој, 2011

 


Овoj статистички преглед претставува продолжение на напорите на Државниот завод за статистика за поддршка на концептот на одржлив развој во статистичка смисла на зборот.

Во него е претставен збогатен и ажуриран збир на расположливите индикатори во статистичкиот систем на Република Македонија, а во функција на одржливиот развој. Како концепт, одржливиот развој претставува развој што овозможува задоволување на потребите на сегашните, без да се загрози можноста за задоволување на потребите на идните генерации. Станува збор за индикатори од повеќестран карактер што ја одразуваат економската, социјалната, еколошката и, во извесна мера, институционалната димензија на одржливиот развој.

Концептот на изданието повторно ја следи структурата на збирот индикатори, дефиниран со Европската стратегија за одржлив развој. Индикаторите се пресметани врз основа на информациите со кои располага статистичкиот систем и со методологијата усогласена со онаа на Европската унија. Притоа, индикаторите само го прикажуваат трендот на одредена појава, без да се прејудицира одржливост или не.

И натаму, активностите на ДЗС ќе бидат насочени кон обезбедување на индикаторите со кои во моментов не се располага, особено во делот на индикаторите што се од значење за следење на реализацијата на националните приоритети на одржливиот развој.


           
Датум на издавање: 04.11.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 6.12MB
     
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 191
ISBN: 978-608-227-050-0
ISSN:
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма: 500 денари


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика