Анкета за структура на заработувачката,
2010
Воспоставувањето на сеопфатен статистички информативен систем на пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика. Податоците за платите и останатите заработувачки, земени како приход на вработените исплатен од страна на работодавачот се едни од основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот. За да се обезбедат овие информации, се спроведува Анкетата за структурата на заработувачките во Република Македонија. Во публикацијата се објавени резултатите од оваа Анкета и се презентирани податоци за целокупните заработувачки на вработените исплатени од страна на работодавачот, поделени според индивидуалните белези на вработените и карактеристиките на деловниот субјект каде што лицата се вработени кои, според наша оценка, можат да поcлужат за анализа на одделни појави и прашања во областа на пазарот на трудот. Содржината на публикацијата е презентирана во два дела: Во првиот дел се содржани концепциските, методолошките и организациските основи на Анкетата за структурата на заработувачките. Целта е со методолошките објаснувања на некои поими и белези, за изворите на податоците и за опфатноста на истражувањето, да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во оваа публикација. Вториот дел ги содржи дефинитивните резултати од оваа Анкета, презентирани во табели. Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата улога на јавноста и на корисниците да им овозможи согледување на основните податоци за вработените и за нивните плати и целокупни заработувачки за определениот период.
Датум на издавање: |
29.04.2013 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.37MB
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
68 |
ISBN: |
978-608-227-098-2 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика