Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Дипломирани студенти, 2013

 


Во овој Статистички преглед Државниот завод за статистика објавува статистички податоци за дипломираните студенти на високообразовните установи во 2013 година, како и податоци за магистри, специјалисти и доктори на науки во истата календарска година.

Податоците што се презентирани во прегледот се резултат на редовните годишни истражувања од областа на високото образование што се спроведуваат во сите високообразовни установи во Република Македонија и во научно-истражувачките установи во кои се организирани последипломски студии за стекнување звање магистер на науки или доктор на науки.

Податоците во прегледот се систематизирани по видови на школи, отсеци и групи, според начинот на студирање на студентите, местото на постојано живеење, возраста, полот, припадноста кон етничка заедница, студенти странски државјани кои дипломирале на факултетите и високите стручни школи во Република Македонија итн.

Покрај податоците за 2013 година, во Статистичкиот преглед се објавени податоци и за дипломираните студенти, магистри, специјалисти и доктори на науки во претходните години со што е овозможено анализирање на динамиката на завршените студенти во подолг временски период, т.е. од 1961 до 2013 година.


           
Датум на издавање: 27.08.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.18MB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 98
ISBN: 978-608-227-197-25
ISSN: 0580-454X
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика