Во овој статистички преглед Државниот завод за статистика објавува статистички податоци за
дипломираните студенти на високообразовните установи во 2012 година, како и податоци за магистрите,
специјалистите и за докторите на науки во истата календарска година.
Податоците што се презентирани во прегледот се резултат на редовните годишни истражувања од
областа на високото образование што се спроведуваат во сите високообразовни установи во Република
Македонија и во научноистражувачките установи во кои се организирани последипломски студии за
стекнување звање магистер на науки или доктор на науки.
Податоците во прегледот се систематизирани по видови школи, отсеци и групи, според начинот
на студирање на студентите, местото на постојано живеење, возраста, полот, припадноста кон етничка
заедница, студенти странски државјани што дипломирале на факултетите и на високите стручни школи
во Република Македонија итн.
Покрај податоците за 2012 година, во Статистичкиот преглед се објавени податоци и за дипломираните
студенти, магистрите, специјалистите и докторите на науки во претходните години, со што е овозможено
анализирање на динамиката на завршените студенти за подолг временски период, т.е. од 1960 до 2012
година.