Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Дипломирани студенти, 2011

 


Во овој Статистички преглед Државниот завод за статистика објавува статистички податоци за
дипломираните студенти на високообразовните установи во 2011 година, како и податоци за магистри,
специјалисти и доктори на науки во истата календарска година.
Податоците што се презентирани во прегледот се резултат на доставените податоци од редовните
годишни истражувања од областа на високото образование што се спроведуваат во високообразовни
установи во Република Македонија и во научно-истражувачките установи во кои се организирани после-
дипломски студии за стекнување звање магистер на науки или доктор на науки.
Податоците во прегледот се систематизирани по видови на школи, отсеци и групи, според начинот
на студирање на студентите, местото на постојано живеење, возраста, полот, припадноста кон етничка
заедница, студенти странски државјани кои дипломирале на факултетите и високите стручни школи во
Република Македонија итн.
Покрај податоците за 2011 година, во Статистичкиот преглед се објавени податоци и за дипломираните
студенти, магистри, специјалисти и доктори на науки во претходните години со што е овозможено
анализирање на динамиката на завршените студенти во подолг временски период, т.е. од 1963 до 2011
година.


           
Датум на издавање: 30.10.2012
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.15Mb
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 97
ISBN: 978-608-227-089-0
ISSN: 0580-454X
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика