Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Дипломирани студенти, 2010

 


Во овој Статистички преглед Државниот завод за статистика објавува статистички податоци за дипломираните студенти на високообразовните установи во 2010 година, како и податоци за магистри и специјалисти и доктори на науки во истата календарска година.

Податоците што се презентирани во Прегледот се резултат на добиените извештаи од редовните годишни истражувања од областа на високото образование што се спроведуваат во сите високообразовни установи во Република Македонија и во научно-истражувачките установи во кои се организирани последипломски студии за стекнување звање магистер на науки или доктор на науки.

Податоците во Прегледот се систематизирани по видови на школи, отсеци и групи, според начинот на студирање на студентите, местото на постојано живеење, возраста, полот, припадноста кон етничка заедница, студенти странски државјани кои дипломирале на факултетите и високите стручни школи во Република Македонија итн.

Покрај податоците за 2010 година, во Статистичкиот преглед се објавени податоци и за дипломираните студенти, магистри, специјалисти и доктори на науки во претходните години со што е овозможено анализирање на динамиката на завршените студенти во подолг временски период, т.е. од 1962 до 2010 година.


           
Датум на издавање: 16.09.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 786KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 77
ISBN: 978-608-227-042-5
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 360 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика