+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Статистички годишник, 2014

 


Почитувани корисници, пред вас е новиот Статистички годишник на Република Македонија. Ова годишно издание на Државниот завод за статистика обезбедува статистички податоци за демографската, социјалната и економската состојба во Република Македонија за 2013 година, како и податоци за подолг временски период. Во посебно поглавје се презентирани споредбени податоци со другите земји во Европа и во светот, при што се вклучени најновите податоци со кои располага Заводот.

Годишникот е придружен со ЦД-ром, во кој се содржани истите серии на податоци.

Во Статистичкиот годишник се презентирани статистички податоци од истражувањата што ги спроведува Државниот завод за статистика, како главен носител на статистичкиот систем на државата, како и статистички податоци подготвени од други институции-учесници во статистичкиот систем, при што се цитира институцијата што е извор на одредени статистички податоци, а за преостанатите податоци извор е Заводот. Структурата на секое поглавје содржи методолошки објаснувања за изворите на податоците и користените методи, табели со временски серии на податоци, графикони и мапи.

Во оваа основна публикација на Државниот завод за статистика ќе најдете квалитетни и корисни податоци зашто Државниот завод за статистика ги следи вашите потреби како корисници и сé повеќе се труди да одговори на нив со публикувањето податоци што одговараат на вашите барања за податоци.

Државниот завод за статистика постојано вложува напори за скратување на планираните рокови за публикување на статистичките податоци, се со цел да излезе во пресрет на барањата на корисниците за добивање на навремени и квалитетни податоци.


           
Датум на издавање: 13.06.2014
PDF:   Преземи ја публикацијата 23.6Mb
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници:
ISBN:
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика