Регионите во Република Македонија,
2015
Запознајте ја Република Македонија на регионалнo и на локално ниво преку статистичките податоци што се однесуваат на населението, но и на географските, социоекономските, културните, просторните и сообраќајните услови и содржини. Ова шесто издание на „Регионите во Република Македонија, 2015 година“, коешто ги прикажува осумте неадминистративни региони во државата поделени според Номенклатурата НТЕС (Номенклатура на територијални единици за статистика), усогласена со европската регулатива, дава одговор на вашите прашања преку табели, графикони, мапи и коментари. Податоците во публикацијата се од голема важност и се користат за планирање и водење на регионалната и локалната политика во Република Македонија. Во таа смисла, обработените податоци се основа за преземање на активности и мерки за намалување на разликите во природните, економските, демографските, како и социјалните и инфраструктурните карактеристики на територијалните статистички единици во државата.
|
Датум на издавање: |
17.06.2015 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
15.1Mb
|
|
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
132 |
|
ISBN: |
|
|
ISSN: |
1857-6141 |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика