Анкета за работната сила,
2013
Податоците за економски активното население, вработеноста и невработеноста се основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот. Државниот завод за статистика спроведува активности за градење на системот на информации за пазарот на трудот како предуслов за негова систематска анализа и оценка. Во таа насока, почнувајќи од 1996 година, се спроведува и Анкетата за работната сила. Во оваа публикација се содржани дефинитивните резултати од Анкетата за работната сила, со посебен осврт на резултатите за доживотното учење, како и серија на најчесто бараните податоци од Анкетата за работната сила. Содржината на публикацијата е презентирана во четири дела. Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи од Анкетата за работната сила, 2013 година, во вториот дел е презентирана анализата според главните економски индикатори и податоците од Анкетата, во третиот дел е даден осврт на методолошките основи и резултатите за доживотното учење за 2013 година, во четвртиот дел е прикажана серија на податоци и индикатори од Анкетата за работната сила за периодот 2009-2013 година, како и податоци за стапките на активност по региони за периодот 2009-2013 година. Целта на оваа публикација е со методолошките објаснувања на одредени поими и белези, за изворите на податоците и опфатноста на истражувањето да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во неа. Државниот завод за статистика се надева дека со оваа публикација, подготвена двојазично, на македонски и на англиски јазик, на јавноста и на корисниците ќе им понуди податоци според разновидни белези, за вкупното население, работната сила и неактивното население во Република Македонија. Евентуалните забелешки и предлози за подобрување на публикацијата, Заводот ќе ги прими со благодарност.
Датум на издавање: |
17.07.2014 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.69MB
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
127 |
ISBN: |
978-608-227-151-4 |
ISSN: |
1409-8997 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
-
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика