+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Анкета за работната сила, 2012

 


Податоците за економски активното население, вработеноста и невработеноста се основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.

Државниот завод за статистика спроведува активности за градење на системот на информации за пазарот на трудот како предуслов за негова систематска анализа и оценка.

Во таа насока, почнувајќи од 1996 година, се спроведува и Анкетата за работната сила.

Во оваа публикација се содржани дефинитивните резултати од Анкетата за работната сила, со посебен осврт на резултатите за доживотно учење, како и серија на најчесто бараните податоци од Анкетата за работната сила .

Содржината на публикацијата е презентирана во три дела.

Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи и резултатите од Анкетата за работната сила, 2012 година, во вториот дел, методолошките основи и резултатите за доживотното учење за 2012 година,во третиот дел прикажана е серија податоци и индикатори од Анкетата за работната сила, за периодот 2008-2012 година, како и податоци за стапките на активност по региони за периодот 2008-2012 година.

Целта на оваа публикација е со методолошките објаснувања за одредени поими и белези, за изворите на податоците и опфатноста на истражувањето да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во неа.

Државниот завод за статистика се надева дека со оваа публикација, подготвена двојазично, на македонски и на англиски јазик, на јавноста и на корисниците ќе им овозможи податоци според разновидни белези, за вкупното население, работната сила и неактивното население во Република Македонија.

Евентуалните забелешки и предлози за подобрување на публикацијата, Заводот ќе ги прими со благодарност.


           
Датум на издавање: 28.06.2013
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.11MB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 127
ISBN: 978-608-227-111-8
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски

Во публикацијата Анкета за работната сила, 2012, на стр.62, е направена грешка при што структурите според нето-плата и според полот се однесуваат на претходната година.
Се извинуваме за сторената грешка и ве молиме да ги користите коригираните податоци во публикацијата и во Excel фајлот.

                                    


Цена во печатена форма: -


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
  Анкета за работната сила, 2015 (АРС)
 


© Државен завод за статистика