Анкета за работната сила,
2011
Податоците за економски активното население, вработеноста и невработеноста се основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
Државниот завод за статистика спроведува активности за градење на системот на информации за пазарот на трудот како предуслов за негова систематска анализа и оценка.
Во таа насока, почнувајќи од 1996 година, се спроведува и Анкетата за работната сила.
Во оваа публикација се содржани дефинитивните резултати од Анкетата за работната сила, со посебен осврт на резултатите за доживотно учење, како и серија на најчесто бараните податоци од Анкетата за работната сила .
Содржината на публикацијата е презентирана во три дела.
Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи и резултатите од Анкетата за работната сила, 2011 година, во вториот дел, методолошките основи и резултатите за доживотното учење за 2011 година,во третиот дел прикажана е серија податоци и индикатори од Анкетата за работната сила, за периодот 2007-2011 година, како и податоци за стапките на активност по региони за периодот 2007-2011 година, (од 2007 година почнаа да се прават регионални демографски проценки на населението).
Целта на оваа публикација е со методолошките објаснувања за одредени поими и белези, за изворите на податоците и опфатноста на истражувањето да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во неа.
Државниот завод за статистика се надева дека со оваа публикација, подготвена двојазично, на македонски и на англиски јазик, на јавноста и на корисниците ќе им овозможи податоци според разновидни белези, за вкупното население, работната сила и неактивното население во Република Македонија.
Евентуалните забелешки и предлози за подобрување на публикацијата, Заводот ќе ги прими со благодарност.
Датум на издавање: |
31.10.2012 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.57MB
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
111 |
ISBN: |
978-608-227-088-3 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
-
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика