+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Анкета за работната сила, 2010

 


Податоците за економски активното население, вработеноста и невработеноста се основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.

Државниот завод за статистика спроведува активности за градење на системот на информации за пазарот на трудот како предуслов за негова систематска анализа и оценка. Во таа насока, почнувајќи од 1996 година, се спроведува и Анкетата за работната сила.

Во оваа публикација се содржани дефинитивните резултати од Анкетата за работната сила, со посебен осврт на резултатите за доживотно учење, како и серија на најчесто бараните податоци од Анкетата за работната сила .

Во 2010 година за првпат се спроведе истражувањето „Усогласеност меѓу работата и семејниот живот”. Резултатите од истражувањето се исто така дел од оваа публикација.

Содржината на публикацијата е презентирана во четири дела.

Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи и резултатите од Анкетата за работната сила, 2010 година, во вториот дел, методолошките основи и резултатите за доживотното учење за 2010 година, во третиот дел, методолошките основи и резултатите од дополнителното истражување во рамките на Анкетата за работната сила, „Усогласеност меѓу работата и семејниот живот” и во четвртиот дел серија податоци и индикатори од Анкетата за работната сила, за периодот 2006-2010 година, како и податоци за стапките на активност по региони за периодот 2007-2010 година, (од 2007 година почнаа да се прават регионални демографски проценки на населението).

Целта на оваа публикација е со методолошките објаснувања за одредени поими и белези, за изворите на податоците и опфатноста на истражувањето да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во неа.

Државниот завод за статистика се надева дека со оваа публикација, подготвена двојазично, на македонски и на англиски јазик, на јавноста и на корисниците ќе им овозможи податоци според разновидни белези, за вкупното население, работната сила и неактивното население во Република Македонија.


           
Датум на издавање: 09.12.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.61MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 104
ISBN: 978-608-227-051-7
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 600 денари


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
  Анкета за работната сила, 2015 (АРС)
 


© Државен завод за статистика