Анкета за работната сила,
2008
Податоците за економски активното население, вработеноста и невработеноста се основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
Државниот завод за статистика спроведува активности за градење на системот на информации за пазарот на трудот како предуслов за негова систематска анализа и оценка.
Во таа насока, почнувајќи од 1996 година, се спроведува и Анкетата за работната сила.
Во оваа публикација се содржани дефинитивните резултати од Анкетата за работната сила, со посебен осврт на резултатите за доживотно учење, како и серија на најчесто бараните податоци од Анкетата за работната сила.
Содржината на публикацијата е презентирана во три дела.
Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи и резултатите од Анкетата за работната сила 2008 година, во вториот дел, методолошките основи и резултатите за доживотно учење за 2008 година и во третиот дел, серија на податоци од Анкетата за работната сила, за периодот 2004 - 2008 година.
Во публикацијата се дадени методолошки објаснувања за некои поими и белези, за изворите на податоците и опфатноста на истражувањето, со цел да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во оваа публикација.
Датум на издавање: |
09.08.2009 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
585KB
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
75 |
ISBN: |
978-9989-197-69-7 |
ISSN: |
1409-8997 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
600 денари
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика