Анкета за работната сила,
2009
Податоците за економски активното население, вработеноста и невработеноста се основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
Државниот завод за статистика спроведува активности за градење на системот на информации за пазарот на трудот како предуслов за негова систематска анализа и оценка. Во таа насока, почнувајќи од 1996 година, се спроведува и Анкетата за работната сила. Во оваа публикација се содржани дефинитивните резултати од Анкетата за работната сила спроведена во 2009 година, со посебен осврт на резултатите за доживотно учење, како и серија на најчесто бараните податоци од Анкетата за работната сила. Содржината на публикацијата е презентирана во три дела. Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи и резултатите од Анкетата за работната сила 2009 година, во вториот дел, методолошките основи и резултатите за доживотно учење за 2009 година и во третиот дел, серија на податоци и индикатори од Анкетата за работната сила, за периодот 2005-2009 година, како и податоци за стапките на активност по региони за периодот 2007-2009. Со методолошките објаснувања на некои поими и белези, како и на изворите на податоците и опфатноста на истражувањето, се овозможува полесно и правилно користење на податоците содржани во оваа публикација. Државниот завод за статистика се надева дека со оваа публикација, подготвена двојазично, на македонски и на англиски јазик, на јавноста и на корисниците ќе им пружи многу податоци според разновидни белези, за вкупното население, работната сила и неактивното население во Република Македонија.
Датум на издавање: |
09.07.2010 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
601KB
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
80 |
ISBN: |
978-9989-197-98-7 |
ISSN: |
1409-8997 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
600 денари
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика