+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2009

 


Во Статистичкиот преглед бр. 4.4.10.01 "Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија во 2009 година" се презентирани систематизирани податоци добиени од статистичкото истражување "Анкета за потрошувачката на домаќинствата" спроведено во 2009 година, кои според наша оценка, можат да послужат за анализа на животниот стандард на домаќинствата во Република Македонија. Прегледот претставува продолжение на истата публикација објавена за 2008 година.

Во публикацијата се објавуваат податоци за: просечните расположливи средства според изворите, висината на употребените средства според намената на потрошувачката, висината на употребените парични средства, количествата на прехранбени и други артикли наменети за лична употреба, како и податоци за снабденоста на домаќинствата со некои поважни трајни добра.

Податоците се систематизирани за сите домаќинства вкупно и според социоекономските категории на домаќинствата: земјоделски, мешовити и неземјоделски.

Распоредувањето на домаќинствата во социоекономски категории овозможува согледување на постоечките разлики во нивото и структурата на личната потрошувачка на домаќинствата, како битна материјална компонента на животниот стандард на населението.

Податоците од оваа Анкета се користат и за изработка на линиите на сиромаштија за Република Македонија вкупно, по региони и по типови на домаќинства.

Освен тоа, податоците од Анкетата се користат и за изработка на пондерите за пресметка на индексот на трошоците на животот.

Во функција на полесно и правилно користење на податоците содржани во публикацијата, дадени се методолошки упатства и забелешки.


           
Датум на издавање: 30.09.2010
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.49MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 118
ISBN: 978 608-227-004-3
ISSN: 1409-9004
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 670 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика