Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Потрошувачка на енергенти во домаќинствата, 2019, 2019

 


Државниот завод за статистика во публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата, 2019 година“ ги презентира резултатите од Анкетата за потрошувачката на енергенти во домаќинствата, која по вторпат беше спроведена во текот на 2020 година.

Резултатите од Анкетата ни овозможија да се стекнеме со податоци што ќе послужат понатаму за анализа на различните видови енергенти и енергии употребувани во домаќинствата, како и нови сознанија за сѐ поголемото значење што ѝ се дава на енергетската ефикасност со примената на високоенергетски ефикасни уреди во домаќинствата.

Публикацијата содржи повеќе податоци за потрошените количества енергенти и енергија во домаќинствата, меѓу кои и податоци за застапеноста на користењето на соларната енергија.

Исто така, во публикацијата се прикажани и податоци за користењето на електрични апарати во домаќинствата дополнети со  класите на енергетска ефикасност, нивната старост итн.



           
Датум на издавање: 31.08.2021
PDF:   Преземи ја публикацијата  
Excel:    Преземи табели
   
Број на страници: 17
ISBN: 978-608-227-337-2
ISSN: 1857-5234
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика