Анкета за работната сила,
2017
Податоците за економски активното население, вработеноста и невработеноста се основните статистички
информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
Државниот завод за статистика спроведува активности за градење на системот на информации за пазарот
на трудот како предуслов за негова систематска анализа и оценка.
Во таа насока, почнувајќи од 1996 година, се спроведува и Анкетата за работната сила.
Во оваа публикација се содржани дефинитивните резултати од Анкетата за работната сила, со посебен осврт
на резултатите за доживотно учење, како и серија на најчесто бараните податоци од Анкетата за работната сила.
Содржината на публикацијата е презентирана во четири дела.
Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи, во вториот дел е дадена анализa
според главните економски индикатори и резултатите од Анкетата за работната сила, 2017 година, во третиот дел
е даден осврт на методолошките основи и резултатите за доживотното учење за 2017 година, а во четвртиот дел
се прикажани серија податоци и индикатори од Анкетата за работната сила за периодот 2013 – 2017 година, како
и податоци за стапките на активност по региони за периодот 2013 – 2017 година.
Целта на оваа публикација е со методолошките објаснувања на одредени поими и белези, за изворите
на податоците и опфатноста на истражувањето, да се овозможи полесно и правилно користење на податоците
содржани во неа
Ова е последно издание на публикацијата „Анкета за работната сила, 2017“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика