Процени на населението на 30.06.2015 и 31.12.2015 според полот и возраста, по општини и по статистички региони,
30.06.2015 и 31.12.2015
Во оваа публикација се презентирани процените на населението на 30.06. 2015 и на 31.12.2015 година, по пол и по возраст, на национално и на општинско ниво и според статистички региони, на третото ниво според НТЕС. Во согласност со Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.55/2004, 12/2005 и 10/2014), во Република Македонија има 80 општини (единици на локална самоуправа), а општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица стануваат дел од општина Кичево. Во согласност со важечката класификација НТЕС („Службен весник на Република Македонија“ бр 158/2007), Република Македонија на третото ниво според НТЕС е поделена на осум статистички региони: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен, Скопски. Податоците на национално ниво се по поединечни години на возраст и по петгодишни возрасни групи, додека податоците на општинско ниво и според статистички региони се по петгодишни возрасни групи. Обликот и содржината на табелите и на графиконите содржани во публикацијата овозможуваат комплетен аналитички приод при користењето на податоците, а континуираното изработување и публикување на процените на населението и за следните години ќе овозможи и временско следење и анализирање на податоците за населението.
26.09.2016 Почитувани корисници, Во публикацијата „Процени на населението на 30.06.2015 и 31.12.2015 според полот и возраста, по општини и по статистички региони“, на страниците 63 и 64, од технички причини е направен пропуст при што во Табела 16 се прикажани податоците од Табела 8, поради што се извинуваме. Коригираната верзија на публикацијата можете да ја преземете на линкот подолу.Ова е последно издание на публикацијата „Процени на населението според полот и возраста, по општини и по статистички региони“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.
Цена во печатена форма:
|