+A   |  -A
ïïï: 3912 | âââ: 78731
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Анкета за образование на возрасни лица


Состојба: 18.05.2017


Цел на Анкетата

Целта на Анкетата за образование на возрасни лица е да се приберат податоци за образовните активности во процесот на формалното, неформалното и информалното образование на лицата од 25 до 64 години, во согласност со меѓународните стандарди и препораки (Евростат).

Единици на набљудување

Единици на набљудување во Анкетата се лицата на возраст од 25 до 64 години за кои треба да се приберат информации од секое домаќинство кое има барем еден член на посочената возраст.

Основни дефиниции

Доживотно учење - зголемување и дополнување на знаењата кај возрасната популација, со цел да се зголемат можностите за вработување и да се обезбедат вистински вештини и способности во текот на работниот век.

Стапка на лица кои учествуваат во образование и обука - учество на лицата на возраст од 25 до 64 години во формално и неформално образование.

Формалното образование е образование кое е во согласност со законите за образование во земјата (закони за основно, средно или високо образование), и e институционализирано образование како редовно и вонредно. За да се вклучи во регуларното (формално) образование, образовната активност треба да води кон квалификација призната од националната власт и да биде дел од хиерархиски структурираната скала на образование и обука, т.е. дел од образовниот систем на земјата, а со завршувањето на определен степен на образование, лицето се здобива со свидетелство, диплома или друг вид на сертификат.

Неформалното образование е институционализирано образование (се изведува во работнички универзитети, училишта за странски јазици, за компјутери, музика, танци, тоа вклучува и учество на семинари, конференции, работилници и сл.), се изведува со помош на професионално квалификувани наставници или предавачи и образовна програма и кое придонесува за зголемување на знаењата на индивидуата, но е надвор од редовниот образовен систем.

Информалното учење е намерно, но помалку организирано и структурирано од формалното и неформалното образование (не е институционализирано). Може да вклучува активности за учење во семејството, на работното место и во секојдневниот живот на секое лице (на пр., пребарување на интернет за поправка на некој апарат во домаќинството, следење на документарни емисии, читање списанија, книги, посета на музеи...и сл.).


   


© Државен завод за статистика