Архива на методолошко објаснување за соопштението:
Трошоци за заштита на животната средина
Состојба:
05.01.2014
Цел на статистичкото истражување
Целта на истражувањето Трошоци за заштита на животната средина е да се приберат податоци за услугите поврзани со заштитата на животната средина. Податоците се прибираат според препораките на ЕВРОСТАТ (Сметки во животната средина - како сателитски сметки на националните сметки).
Извори и методи на прибирање на податоците
Податоците прикажани во соопштението се добиени преку статистичкото истражување Трошоци за заштита на животната средина за 2013 година, кое се спроведува со метод на испраќање прашалници (ЗСТ) по пошта.
Правна основа за истражувањето
- Закон за државната статистика („Службен весник на РМ" бр. 54/97, 21/07, 51/11 и 104/13)
- Програма за статистички истражувања 2013-2017 („Службен весник на РМ" 20/13 и 24/14),
- Регулатива (ЕУ) бр. 691/20011 за сметки во животната средина
Единици на набљудување
Единици на набљудување се деловните субјекти од статистичкиот Деловен регистар кои според НКД Рев. 2 се распределени во соодветни дејности и инвестирале во заштита на животната средина.
Дефиниции
Интерни трошоци - наменети се за работа на опремата за третман на излез („End-of-pipe equipment”) (материјали, енергија, одржување), трошоци за работната сила (само оние вработени кои работат на заштита на животната средина) и други интерни трошоци (оспособување, информации, општа администрација за заштита на животната средина). Исклучено е купувањето услуги за заштита на животната средина од јавниот сектор или специјални производители.
Надворешни трошоци - опфаќаат плаќање на трети страни за услуги за заштита на животната средина од јавниот сектор или на специјални производители кои можат да бидат јавни или приватни (за екстерни надоместоци за собирање отпад или обработка на отпадни води и др. - на пр., трошоци за деконтаминирање на почва и подземни води.
Подрачја на активности за заштита на животната средина
Податоците за трошоци за заштита на животната средина се прибираат за различни подрачја на животната средина според Единствената европска статистичка класификација на активности поврзани со заштитата на животната средина (the Single European Statistical Classification of Environmental Protection Activities) (CEPA). Активностите за заштита на животната средина се делат на:
1. Заштита на воздухот и климата
2. Управување со отпадните води
3. Управување со отпадот
4. Заштита и санација на почвата, подземните и површинските води
5. Намалување на бучавата
6. Заштита на биодиверзитетот и природата
7. Истражување и развој
8. Други активности за заштита на животната средина
|
© Државен завод за статистика