+A   |  -A
ïïï: 441 | âââ: 71502
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Иновативни деловни субјекти


Состојба: 05.01.1900


1. Цел и значење на истражувањето

Целта на истражувањето е добивање на податоци за воведувањето на иновации на производи, во производните процеси, маркетингот и организациските методи и за тековните и незавршени иновации. Со ова истражување, исто така, се добиваат податоци за воведените иновации во логистика. Истражувањето содржи податоци за тоа колку средства се инвестираат во иновациски активности, дали деловните субјекти добиваат финансиска помош наменета за поттикнување на воведувањето на иновации и за соработката со други деловни субјекти. Истражувањето содржи податоци и за причините зошто деловните субјекти не вовеле никаков вид на иновации.

Со цел да се обезбеди меѓународна споредливост на податоците, применет е стандардниот прашалник (развиен од страна на Евростат и ОЕЦД).
Методолошкиот концепт, како основа на статистичкото истражување за иновациите, е Прирачникот од Осло, (OECD’s Oslo methodology) 2005 год., (трето издание), а методологијата е хармонизирана со меѓународните дефиниции, класификации и номенклатури во согласност со Регулатива на Европската комисија бр. 995/2012.

2. Извештајни единици

Извештајни единици во статистичкото истражување за иновации се економски активните деловни субјекти, избрани по пат на репрезентативен стратификуван примерок од Статистичкиот деловен регистар.
Извештајни единици кои се вклучени во истражувањето се деловни субјекти со најмалку 10 вработени лица и според Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2) се распоредени во секторите Б, В, Г, Д, Ж, Ѕ, И и одделите 46, 71, 72 и 73.

 

3. Прибирање на податоците (време, период и метод на спроведување на истражувањето)

Статистичкото истражување за иновативни деловни субјекти се спроведува за референтен тригодишен период кој претходи на годината во која се спроведува.

4.  Дефиниции и други објаснувања

Поим за иновации
Иновација претставува воведување на нови или пак значително подобрени производи, процеси, организациски или маркетинг методи.

Иновативни претпријатија се сите претпријатија кои во периодот на набљудување имаат воведено иновација на производ и/или процес и/или маркетинг и/или организациски метод и/или имаат некоја незавршена и/или неуспешна иновациска активност.

 

5. Видови иновации

1. Иновации на производи (стоки и услуги)
2. Иновации на процеси
3. Организациски иновации
4. Маркетинг иновации

5.1 Иновацијата на производ опфаќа воведување на нови или значајно подобрени технички карактеристики на производите, материјали и компоненти, вграден софтвер или други карактеристики поврзани со употребата на производот и неговите карактеристики. Во иновација на производ влегуваат иновациите на стоки и на услуги.


5.2 Иновацијата на процес претставува примена на нов или значително подобрен процес на производство, начин на дистрибуција или друга помошна активност во работењето на претпријатието. Иновациите на процес вклучуваат значителни промени во специфични техники на производството, опрема и/или софтвер, со намера да се подобри квалитетот, ефикасноста или флексибилноста на производството или набавките, или да се намали опасноста по загадување на животната средина и безбедноста.


5.3.Организациска иновација претставува воведување на значајни промени во деловните практики, организацијата на работните обврски и донесувањето одлуки, што вклучува обука или едукација за зголемување на вештините и одговорностите на вработените и организацијата на надворешните односи со други претпријатија или јавни институции.

 

5.4 Маркетинг иновација претставува примена на нови маркетинг концепти или стратегии што значајно се разликуваат од веќе постоечките употребувани методи во претпријатието. Маркетинг иновација претставува воведување на значајни промени во дизајнот или пакувањето на производот, пласманот на производот, промоцијата и цената. Покрај тоа вклучува и нови политики за формирање на цените на производите.


   


© Државен завод за статистика