+A   |  -A
ïïï: 16325 | âââ: 118528
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно


Состојба: 15.03.2017


Цели
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно
, ги мерат промените на нивото на цени на производителите на индустриски производи/услуги што се произведуваат во Македонија и се продаваат од производителите на домашниот пазар и на странски пазари.
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, е составен од две компоненти: индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар и индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари.

Пресметка
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пресметува како пондериран просек од индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар и индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари.
Со примерокот од 2010 година (како базна година), за индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се опфатени 397 претпријатија со 1272 индустриски производи/услуги.

Класификации и публикување на податоците
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пресметуваат по групи, оддели и сектори од Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се публикуваат по главни индустриски групи и по сектори.

Пондерирање
Пондерите за пресметка на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пресметуваат од реализираната вредност на домашниот и на странски пазари.
Извор на потребните податоци за пондерирање е истражувањето „Годишен извештај за индустријата“ (ИНД.21) од 2010 година.
Пондерите се менуваат секоја петта година.

Публикување
Месечно:
- Соопштение: „Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно”;
- Издание „Месечен статистички извештај”;
- МАКСтат база на податоци.
Годишно:
- „Статистички Годишник на РМ”.

Усогласеност со регулативите на ЕУ

Методологијата за пресметка на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, е усогласена со „Методологијата за краткорочните деловни статистики” на Евростат, за следниве варијабли:
- 310 Продажни цени на производителите на индустриски производи.

   


© Државен завод за статистика