Архива на методолошко објаснување за соопштението:
Инвестиции во основни средства
Состојба:
18.02.2015
Соопштението содржи податоци за инвестициите во основни средства во Република Македонија за 2013 година. Инвестициите во основни средства се прикажуваат според: вредноста на инвестициите по намена на вложувањата, техничката структура и обликот на сопственоста за целата земја.
Извори
Користени извори за публикување на ова соопштение се:
- Годишното истражување за инвестиции во основни средства (ИНВ.01) кое се однесува за деловните субјекти во приватниот, задружниот, мешовитиот и државниот сектор;
-Податоци од Државниот завод за статистика за пресметката на инвестициите на субјектите кои немаат статус на правно лице како и пресметката на инвестициите во делот на машини и опрема.
Oпфат
Истражувањето ИНВ.01 ги опфаќа инвестициите во основни средства на претпријатијата од сите облици на сопственост и на здружување под кои се регистрирани заклучно со 31.12. во набљудуваната година. Изборот на претпријатијата се прави врз основа на бројот на вработени, реализираниот промет и увозот на инвестициони добра во делот на машини и опрема.
Стапката на одговор за извештајниот период 1.01-31.12 2013 за годишното истражување ИНВ. 01 е 90.5%.
Методологија
Методологијата користена при пресметката на инвестициите во основните средства е во согласност со препораките на SNA 2008 и ESA 2010. Со новата методологија во пресметките за инвестиции во основни средства се вклучува воена опрема и истражување и развој.
Вредноста на инвестициите во основни средства пресметани според горенаведените извори претставува ставка за пресметката на БДП според расходната страна. За расчленување на инвестициите се користат Националната класификација на дејностите НКД Рев.2 и Класификацијата на производите според дејности.
|
© Државен завод за статистика