+A   |  -A
ïïï: 916 | âââ: 68893
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Иновативни деловни субјекти


Состојба: 27.06.2014


1. Цел и значење на истражувањето

Целта на статистичкото истражување за иновации е добивање на податоци за иновациите и иновациските активности во производството на производи (стоки и услуги), односно добивање на податоци за бројот на деловни субјекти кои се вклучени во иновациски активности. Со истражувањето се добиваат и податоци за тоа колку средства се инвестираат во иновациски активности, за соработката со други деловни субјекти, институции и добавувачи за развојот на иновациите, ефектите од иновациските активности и остварениот промет како резултат на воведувањето на иновации.
Со цел да се обезбеди меѓународна споредливост на податоците, применет е стандардниот прашалник за прибирање на податоците (развиен од страна на Евростат).
Методолошкиот концепт, како основа на статистичкото истражување за иновациите, е Прирачникот од Осло, (OECD’s Oslo methodology) 2005 год., (трето издание), а методологијата е хармонизирана со меѓународните дефиниции, класификации и номенклатури во согласност со Регулатива на Европската комисија бр. 995/2012.

2. Извештајни единици

Извештајни единици во статистичкото истражување за иновациски активности се економски активните деловни субјекти, избрани по пат на репрезентативен стратификуван примерок од Статистичкиот деловен регистар.

Извештајните единици кои се вклучени во истражувањето се деловни субјекти со најмалку 10 вработени лица и според Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2) спаѓаат во следните сектори и оддели како задолжителна популација:

• B/Б Рударство и вадење на камен (05-09)
• C/В Преработувачка индустрија (10-33)
• D/Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (35)
• Е/Д Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад
и дејности за санација на околината (36-39)
• Трговија на големо, освен со моторни возила и мотоцикли (46)
• H/Ж Транспорт и складирање (49-53)
• Ј/S Информации и комуникации
• К/И Финансиски дејности и дејности на осигурување (64-66)
• Архитектонски дејности и инженерство; техничко испитување и анализа (71)
• Научно истражување и развој (72)
• Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот (73)

Како незадолжителна популација во ова истражување се опфатени деловните субјкети кои според Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2) спаѓаат во следните сектори и оддели:
F/Ѓ Градежништво (41 – 43)
Трговија на големо и на мало со моторни возила и моторцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли (45)
Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли (47)
Правни и сметководствени дејност (69)
Управувачки дејности; советување во врска со управувањето (70)
Останати стручни, научни и технички дејности (74)
Дејности на вработување (78)
Заштитни и истражни дејности (80)
Услуги поврзани со згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (81)
Дејности во врска со недвижен имот (68)
И/З Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (55 – 56)
Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) (77)
А/А Земјоделство, шумарство и рибарство (01 – 03)
Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив (79)
Канцелариско – административни и помошни дејности и деловно – помошни дејности (82)
Ветеринарни дејности (75)

3. Прибирање на податоците (време, период и метод на спроведување на истражувањето)

Статистичкото истражување за иновациските активности се спроведува за референтен тригодишен период кој претходи на годината во која се спроведува.

4. Дефиниции и други објаснувања

Поим за иновации
Иновациите вклучуваат воведување на нови или, пак, значително подобрени стоки, услуги, процеси, воведување на нови маркетинг концепти или стратегии или воведување на нови методи на организација во деловното работење, нови методи на организирање на работните обврски и донесување на одлуки и нови методи на организирање на надворешните односи со други деловни субјекти и јавни институции. Иновацијата треба да биде нова за претпријатието, но не е неопходно да биде нова за пазарот. Исто така, не е важно дали иновацијата е развиена од самото претпријатие или, пак, првично е развиена од друго претпријатие/институција.

5. Видови иновации

1. Иновации на производи (стоки и услуги)
2. Иновации на процеси
3. Организациски иновации
4. Маркетинг иновации

5.1 Иновација на производ (стоки и услуги) претставува воведување на нова или значително подобрена стока или услуга, во однос на карактеристиките и можностите на стоката или услугата, нивната употребливост, составните делови и потсистемите.

5.2 Иновација на процес претставува примена на нов или значително подобрен процес на производство, начин на дистрибуција или помошна активност.

5.3 Организациска иновација опфаќа воведување на нови методи на организација во деловното работење, нови методи на организирање на работните обврски и донесување на одлуки и нови методи на организирање на надворешните односи со други деловни субјекти и јавни институции.

5.4 Маркетинг иновација претставува примена на нови маркетинг концепти или стратегии што значајно се разликуваат од веќе постоечките употребувани методи во претпријатието.

6. Деловни субјекти според иновациските активности

Деловни субјекти, во зависност од тоа дали спроведуваат иновативни активности или, пак, не, се поделени на:
6.1 Иновативно активни деловни субјекти - деловни субјекти коишто имаат воведено производ/процес иновација или деловни субјекти кои во набљудуваниот период имаат тековна/недовршена или напуштена иновација и/или деловни субјекти коишто имаат воведено организациска или маркетинг иновација.
6.2 Производ иноватори; процес иноватори, организациски иноватори, маркетинг иноватори - деловни субјекти кои во набљудуваниот период имаат воведено иновација/иновации во некој од наведените видови.
6.3 Деловни субјекти со тековни и/или напуштени иновативни активност. Оваа категорија вклучува деловни субјекти кои во набљудуваниот период имаат само тековна/незавршена или напуштена иновативна активност или, пак, и двата вида и кои сè уште немаат воведено некој вид на иновација на пазарот.
6.4 Неиновативни деловни субјекти - деловни субјекти кои во набљудуваниот период немаат воведено некој вид на иновација и кои, исто така, немаат преземено некоја иновативна активност во набљудуваниот период.

   


© Државен завод за статистика