Архива на методолошко објаснување за соопштението:
Инвестиции во основни средства
Состојба:
10.10.2012
Соопштението содржи податоци за инвестициите во основни средства во Република Македонија за 2011 година. Инвестициите во основни средства се прикажуваат според: вредноста на инвестициите по намена на вложувањата, техничката структура и обликот на сопственоста за целата земја.
Извори
Користени извори за подготовка на ова соопштение се:
Годишното истражување за инвестиции во основни средства (ИНВ.01);
Пресметката на инвестициите на субјектите кои немаат статус на правно лице е направена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика.
Методот на стоковни текови за пресметка на инвестициите во основни средства во делот на машини и опрема.
Извештаен период
Стапката на одговор за извештајниот период 1.01-31.12 2011 за годишното истражување ИНВ.01 е 81.7%, а се однесува на сите претпријатијата кои имаат повеќе од 10 вработени.
Методологија
Методологијата користена при пресметката на инвестициите во основните средства е во согласност со препораките на SNA 93 и ESA 95.
Вредноста на инвестициите во основни средства пресметани според горенаведените извори претставува ставка за пресметка на БДП според расходната страна. За расчленување на инвестициите се користат Националната класификација на дејностите НКД Рев.2 и Класификацијата на производите според дејности.
|
© Државен завод за статистика