Архива на методолошко објаснување за соопштението:
Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија
Состојба:
08.02.2011
Дефиниции
Вредноста на извршените градежни работи претставува вредност на реално извршените градежни работи во текот на извештајната година. Вредноста на извршените градежни работи треба да ги опфати и сите занает?иски и инсталатерски работи и услуги извршени во текот на годината.
Стан е градежно-поврзана целина наменета за живеење којашто се состои од една или повеќе соби со соодветни помошни простории (кујна, остава, претсобје, бања, клозет и сл.) или без помошни простории и има еден или повеќе посебни влезови.
Завршен стан е оној на кој се завршени сите предвидени градежни, занает?иски и инсталатерски работи, без оглед на тоа дали зградата во која се наоѓа станот е приклу?ена или не е приклу?ена на комуналната мрежа.
Површина на станот е всушност корисната површина којашто се пресметува според важе?ките меѓународни стандарди и го опфаќа збирот на површините на подовите на сите соби, кујната, бањата, клозетот, ходниците и останатите помошни простории во состав на станот како и површините на отворените простори на станот намалени за соодветни коефициенти.
|
© Државен завод за статистика