+A   |  -A
ïïï: 365 | âââ: 86324
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Користење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединци


Цел на статистичкото истражување

Статистичкото истражување ИКТ.3 е годишно истражување за употребата на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и кај поеднинците со цел да се добијат информации за достапноста до одредени информатичко-комуникациски технологии (пр., компјутери, мобилни уреди, интернет), честотата и намената на нивното користење, информатичката писменост на населението во Република Македонија.

 

Единици на посматрање

Единици на посматрање се домаќинствата кои имаат барем еден член на возраст 15-74 години, и избраното лице (поединец), член на тоа домаќинство, кое за време на прибирањето на податоците е на возраст од 15 до 74 години.

 

Метод на прибирање податоци

Податоците се прибираат со анкета (лице в лице), која се спроведува еднаш годишно на целата територија на Република Македонија, врз база на примерок на домаќинства, по пат на пополнување на прашалник (образец ИКТ.3).

 

Големината на примерокот е 1995 домаќинства.

 

Рамката за избор на примерокот на домаќинства се податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2002.

 

Референтен период - генерално е првото тримесечје од годината, односно периодот од 3 месеци кој претходи на анкетата. Некои податоци (пр., за е-трговија, користење на услуги на е-влада) се однесуваат на последните 12 месеци - период од 12 месеци кој претходи на анкетата.

Прашалниците и основните методи на истражувањето се подготвени според методологијата и препораките на Евростат (Статистичко биро на Европската унија), во согласност со регулативите на Европската унија. Регулативата на Европскиот парламент и Советот, број 808/2004 е рамковна регулатива.

 

Пондерирање

Податоците во истражувањето се однесуваат на домаќинства и на лица, и тие се пресметани со примена на два пондера: пондер за домаќинства и пондер за лица. Пондерите за домаќинствата се добиени како инверзни вредности на веројатноста на избор, потоа порамнети со неодговорот по стратум. Пондерите за поединците, покрај уточнувањето со стапката на неодговор, се калибрираат со соодветните проекции на население по пол и по шест старосни групи.

 

Дефиниции и други појаснувања

Информатичко - комуникациска технологија (ИКТ) (англ.: ICT- Information and Communications Technology) - Подразбира опрема и програма (хардвер и софтвер) за комуникација со податоци (информации). на пример, компјутер, интернет, електронска пошта, мобилен телефон.

 

Компјутерот е повеќенаменска машина. Во истражувањето се опфаќа персоналниот компјутер од кој било вид, пример: десктоп компјутер, пренослив (laptop, notebook) и рачен (PDA, palmtop) компјутер. Се исклучуваат: мобилните телефони, паметните телефони, како и PDA’s телефоните, VCR’s (аудио уред на видеорекордер), ТВ сетови, multi-media players.

 

Интернет (World Wide Web) - Светска мрежа на поврзани компјутери кои се поврзуваат со стандардизиран интернет-протокол, при што се овозможува корисниците од различни места да комуницираат и да разменуваат аудиовизуелни информации.

 

Web site - Локација на World Wide Web, идентификувана со веб-адреса. Збир на веб-датотеки на одредена тема, вклучувајќи и почетна влезна страница која се вика Home Page.

 

ISDN (англ. Integrated Services Digital Network) - Времена конекција со интернет, дизајнирана да овозможува дигитална трансмисија на глас, слика и податоци преку вообичаена телефонска бакарна жица која е со поголем квалитет и брзина (до 128 kbit/s) од аналогната.

 

xDSL - (Digital Subscriber Line) технологиите како: ADSL, HDSL, SDSL, VDSL итн. се дизајнирани за да ја зголемат брзината на преносот на податоците користејќи ги стандардните бакарни телефонски линии.

 

UMTS (Universal Mobile Telecommunications System) - UMTS е трета генерација (3G) на мобилна телекомуникациска технологија, базирана на GSM стандард. На корисниците им омозможува да пренесат голем обем на податоци (пр., видеоподатоци, слики) преку безжична конекција и дава пристап до интернет со многу поголема брзина од втората (2G) или 2.5 (2G+) генерација како што е GPRS. UMTS е широкопојасна технологија која постојано се унапредува и надградува, на пример, со HSDPA (High Speed Downlink Packet Access), позната како 3.5G.

 

GSM (Global System for Mobile Communication) - Глобално прифатен стандард за дигитална целуларна комуникација.

 

GPRS (General Packet Radio Systems) е позната како втора генерација на мобилна технологија, 2G или 2.5G, и е еден од видовите на теснопојасната интернет-поврзаност.

 

Широкопојасен пристап на интернет - подразбира брза трансмисија на податоци (на пример, филмови, игри, видео-конференции) преку интернет-мрежа, овозможена од технологии или конекции, како што се: xDSL технологиите (ADSL, VDSL), кабелска конекција, оптичка конекција, изнајмени линии, UMTS.

 

Мобилна широкопојасна конекција на интернет - разни типови на безжичен високобрзински интернет-пристап преку пренослив модем, телефон или друго средство, употребувајќи најмалку 3G технологија (пр., UMTS, CDMA2000 1xEVDO, HSDPA).

 

Е-трговија (електронска трговија) - Продавање или купување на производи или услуги преку интернет или други мрежи. Плаќањето и крајната испорака на производите или услугите не мора да бидат онлајн. Нарачките направени преку телефон, факс или е-пошта не се вклучуваат во е-трговијата.

 

Е-влада (e-Government) - Се подразбира електронска влада, односно инфор-матизација на владата, државната администрација и јавните установи со што се постигнува подобро задоволување на потребите на граѓаните и деловните субјекти (се исклучуваат контактите преку е-пошта).

 

Компјутерски услуги во oблак (Cloud computing services) - се однесуваат на ИКТ услуги кои се испорачуваат од сервери на даватели на услугите, и се употребуваат преку интернет за пристап до софтвер, компјутерска процесорска моќ - капацитет за обработка, капацитет за складирање итн.




Последно ажурирање: 20.03.2019

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 05.11.2015
Преземи 31.10.2012
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика