+A   |  -A
ïïï: 7117 | âââ: 82472
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства, по региони


За изработка на регионалните сметки (бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства) се користат основите на концептот на националните сметки, но постојат значајни концептуални и практични специфичности при составувањето на сетот на сметките на регионално ниво.

Податоците по региони се резултат на пресметката направена врз основа на расположливите податоци во Државниот завод за статистика, а врз основа на прирачникот на Еуростат - Методи на регионални сметки (бруто -додадена вредност и инвестиции во основни средства по дејности).

При пресметката на бруто-домашниот производ главно се користи анализата на податоците по дејности, т.н. “псеудо-топ доњн” методот - индиректен метод. Дистрибуцијата на додадената вредност е извршена според веќе пресметаната вредност по производен метод според економската активност на ниво на Република Македонија со користење на индикатори за секоја дејност, по региони, а за даноците и акцизите е користена соодветна пропорција.

Основен извор за регионализација на инвестициите во основни средства се податоците од Годишното статистичко истражување за инвестиции во основни средства ( ИНВ.01) на деловните субјекти и единиците во секторот Држава, методот на стоковни текови, како и субјектите кои немаат статус на правно лице.

Дистрибуцијата на инвестициите во основни средства е направена врз основа на комбинираниот метод. Делот од инвестициите кој се однесува на деловните субјекти и единиците во секторот Држава е пресметан врз основа на боттом-уп методот. Останатиот дел од инвестициите е алоциран врз основа на соодветни индикатори и пропорции.

Распределбата на вредноста на инвестициите во основни средства е направена според резидентноста на деловниот субјект и според дејноста во која е инвестирано, односно врз основа на принципот на чиста дејност. Сепак, можно е вредноста на инвестициите во одредени региони да е натценета, односно потценета, поради недостиг на соодветни информации и податоци кои се обезбедени на ниво на т.н. “организационен принцип”.

Во текот на 2014 година стапи во сила нов меѓународен стандард за Европскиот систем на национални и регионални сметки - ЕСС 2010 (Регулатива на Комисијата
(ЕУ) бр.549/2013 на Европскиот парламент и Советот од 21 мај 2013 за Системот на национални и регионални сметки во Европската унија), со што се обезбеди правна основа за пресметка и доставување на податоците до статистичкото биро на Европската унија.

Податоците за бруто-додадената вредност и бруто-инвестициите по региони, за периодот 2010-2012, се ревидирани во согласност со барањата на методологијата ЕСС-2010 која стапи во сила на почетокот на септември 2014 година. Повеќе информации за примената на ЕСС 2010 се достапни на следниот линк.



Последно ажурирање: 02.12.2014

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Регионални сметки 
  
  Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства, по региони


   


© Државен завод за статистика