+A   |  -A
ïïï: 16561 | âââ: 107654
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Инвестиции во основни средства


Соопштението содржи податоци за инвестициите во основни средства во Република Македонија во 2014 година. Инвестициите во основни средства се прикажуваат според: вредноста на инвестициите според намената на вложувањата, техничката структура и обликот на сопственоста за целата земја.

Извори

Користени извори за публикување на ова соопштение се:

Годишното истражување за инвестиции во основни средства (ИНВ.01) кое се однесува на деловните субјекти во приватниот, задружниот, мешовитиот и државниот сектор;
- Податоци од Државниот завод за статистика за пресметката на инвестициите на субјектите кои немаат статус на правно лице, како и пресметката на инвестициите во делот на машини и опрема.

Oпфат

Истражувањето ИНВ.01 ги опфаќа инвестициите во основни средства на претпријатијата од сите облици на сопственост и на здружување под кои се регистрирани заклучно со 31.12. во набљудуваната година. Изборот на претпријатијата се прави врз основа на бројот на вработени, реализираниот промет и увозот на инвестициски добра во делот на машини и опрема.

Стапката на одговор за извештајниот период 1.01-31.12 2014 за годишното истражување ИНВ.01 е 90.5 %.

Методологија

Методологијата користена при пресметката на инвестициите во основните средства е во согласност со препораките на SNA 2008 и ESA 2010. Со новата методологија, во пресметките за инвестиции во основни средства се вклучува воената опрема и истражувањето и развојот.

Вредноста на инвестициите во основни средства, пресметани според горенаведените извори, претставува ставка за пресметка на БДП според расходниот метод. За расчленување на инвестициите се користат Националната класификација на дејностите НКД Рев.2 и Класификацијата на производите според дејности.



Последно ажурирање: 30.09.2015

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 18.02.2015
Преземи 30.09.2013
Преземи 10.10.2012
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Инвестиции 
  
  Инвестиции во основни средства


   


© Државен завод за статистика