Методолошко објаснување за соопштението:
Економски сметки во земјоделството, по тековни цени
Извор на податоци
При изработката на сметките се користени податоци добиени од редовните статистички
истражувања спроведени во Државниот завод за статистика, годишните сметки од Централниот
регистар и податоците за исплатената финансиска помош во земјоделството од Министерството
за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За процена на додадената вредност од индивидуалните земјоделски производители се користат
расположливите податоци од Државниот завод за статистика.
За пресметка на додадената вредност кај земјоделските претпријатија се користат
расположливите податоци од Државниот завод за статистика и годишните сметки од
Централниот регистар.
За пресметка на инпутот на работна сила се користат расположливите податоци од Државниот
завод за статистика.
Во бруто-вредноста на производството е вклучено и производството на “малите единици” кое
има супстанцијален карактер, а исто така и производството на единиците за кои производството
има карактер на хоби.
Последно ажурирање:
11.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Економски сметки во земјоделството
|
© Државен завод за статистика