Методолошко објаснување за соопштението:
Структура на заработувачката на вработените
Анкетата се спроведува со цел да се соберат податоци за вработеноста и структурата на платите во земјата. Истражувањето овозможувa да се приберат податоци за врските помеѓу платите кои им се исплатени на вработените, нивните индивидуални белези (пол, возраст, занимање, времетраење на вработувањето, ниво на образование и сл.) и карактеристиките на деловниот субјект каде што лицата се вработени (економска активност, големина на деловниот субјект, локација и сл.).
Извор на податоци и извештаен период
Податоците за структурата на заработувачката во 2014 беа прибрани преку прашалници, и за првпат се користеа и административни извори. Поголем дел од варијаблите беа преземени од админстративни извори, со што значително им се намали товарот на извештајните единици. Референтна година е 2014. Референтен месец е октомври ‐ ова е месец во кој се смета дека има најмалку отсуства за годишни одмори или празници.
Единици на набљудување
Во Анкетата за структурата на заработувачката единици на набљудување се деловните субјекти, во приватна и друга сопственост.
Модел на примерокот
Извештајните единици кои се предмет на ова истражување се избрани врз база на примерок, односно во примерокот се опфатени претпријатија со дејност А - О (според националната класификација на дејностите НКД Рев.2) и кои имаат десет или повеќе вработени. Со истражувањето се опфатени најмалку 70% од вработените во секој регион. Рамка за избор на примерокот беше Бизнис регистарот со ажурирана состојба. Примерокот е двоетапен. Во првата етапа, единици на набљудување се фирмите со 10 и повеќе вработени (исклучени се единиците во состав), а во втората етапа, единици на набљудување се вработените кои се избрани од фирмите според нивната платна листа.
Основни концепти и дефиниции
Просечната бруто-месечна заработувачка за референтниот месец (октомври 2014) ги опфаќа сите исплати во готово кои им се исплатени на вработените пред исплатата на одбитоците за социјални придонеси и даноци од страна на работодавецот на сметка на работникот. Овде влегуваат и бонусите кои се однесуваат на референтниот месец, исплатите за прекувремена работа, специјалните исплати за работа во смени и сл.
Исклучени се плаќањата кои не се однесуваат на референтниот месец (октомври), бонуси и додатоци кои не се ипслатени регуларно во кој било платен период (како на пример, 13-та плата).
Просечната бруто-годишна заработувачка, покрај месечните бруто-заработувачки ги покрива и сите нестандардни исплати кои не се исплатени регуларно во некој од платните периоди (на пример: 13-та плата, празнични бонуси, тримесечни или годишни бонуси и сл.).
Просечнaта бруто-заработувачка од час претставува бруто-месечна заработувачка поделена со бројот на платени часови за референтниот месец.
Последно ажурирање:
23.12.2015
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Пазар на труд
|
© Државен завод за статистика