+A   |  -A
ïïï: 6427 | âââ: 95989
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Слободни работни места


Слободни работни места


Извештајните единици кои се предмет на ова истражување се избрани врз база на примерок, односно во примерокот се опфатени претпријатија со дејност Б-О (според Националната класификација на дејностите НКД Рев.2) и кои имаат три или повеќе вработени. Во примерокот се вклучуваат сите средни и големи претпријатија, а останатите се бираат по случаен избор. За 2019 година, бројот на деловни субјекти во примерокот изнесува 3787. Податоците се прибираат преку системот за електронско прибирање на податоци еСтат.


Дефиниции

Слободно работно место може да биде новоформирано платено работно место, незафатено или веќе постоечко работно место кое набрзо ќе се ослободи и за кое работодавачот презема активни чекори за изнаоѓање соодветен кандидат.

Во слободни работни места се вклучени: слободните работни места на неопределено и на определено време, слободните работни места со полно и со скратено работно време, слободните работни места кои се отвораат поради долгорочни отсуства (на пример, породилно отсуство или долгорочно боледување).

Од слободните работни места се исклучени: слободните работни места кои се наменети само за внатрешни кандидати на единицата која е предмет на истражување, слободните работни места кои треба да бидат пополнети од неплатени практиканти и слободните работни места на определено време наменети да бидат пополнети од страна на работници од агенциите за привремени вработувања.

Стапката на слободни работни места претставува однос помеѓу слободните работни места и збирот на слободните и пополнетите работни места, искажан во проценти.

Објаснувања за податоците

Податоците во Анкетата за слободни работни места се прибираат тримесечно и претставуваат просек од трите месеци во тримесечјето (се зема состојбата на 15-ти во месецот). Еднаш прикажаното слободно работно место се исклучува од понатамошното прикажување и евидентирање во рамките на едно тримесечjе, без разлика дали тоа работно место сè уште е активно и тоа не се прикажува во следниот месец, додека, пак, се земаат предвид слободните рaботни места кои се прикажани во претходното тримесечје, а сè уште се активни во тековното тримесечје.

 




Последно ажурирање: 02.09.2019

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 03.09.2012
Преземи 05.01.1900
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика