+A   |  -A
ïïï: 17189 | âââ: 109569
Skip Navigation Links


 Среќен 8. Март


Според процената на населението ( состојба 30.06.2011), процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население е речиси подеднакво, 49.9 % од населението се жени, a 50,1% се мажи. Во однос на старосната структура, учеството на жените во младото население на возраст од 0 до 14 години изнесува 16.8 %, а учеството на жените на возрст од 65 и повеќе години изнесува 13,1.%.

Просечната возраст на жените изнесува 38,3 години , додека на мажите 36,7 години.

Жените живеат 4,3 години подолго од мажите, т.е. според податокот за очекуваното траење на животот, жените живеат 77,0 години, а мажите 72,7 години.

Во структурата според пол, кај живородените деца женските деца имаат помало учество и тоа 48,4 %, односно, на 100 живородени женски деца 106,7 се машки.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35,3% се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28,0 години, а 26,2 години на првите раѓања.

Во 2011 година се регистрирани 23 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. Според тоталната стапка на фертилитет (ТФР) во 2011 година која изнесува 1,5 живородени деца на една жена, жените во Македонија сè почесто се одлучуваат да раѓаат по 1 или 2 деца.

 Просечната возраст при склучување прв брак е 25.4 години за невестата и 28,3 години за младоженецот. Во 2011 година, најголем број на разводи 342 или 19,5%, се случени кај жените на возраст од 30-34 години.

Од вкупно 19 465 умрени лица во 2011 година, поголемо учество, или 52,4%, се од машки пол, а 47,6% се од женски пол. Просечната возраст кај умрените од женски пол изнесува 74,4 години, односно 69,9 години години кај лицата од машки пол.

Во вкупниот број (2096 ) на доселени лица од други држави, жените учествуваат со 51,4%, додека во вкупниот број на отселени лица во други држави (1290), учеството на жените изнесува 38,8% .

Од вкупната работна сила 39.4% се жени, додека од нив, 23.4% се со високо образование.

Од вкупниот број на вработени жени, 24.6% се со високо образование. Од работната сила, 38.6% од жените се невработени. Речиси две третини од неактивното население се жени. Учеството на наставничките во основното образование се зголемува и во 2011 година изнесува 66.1% од наставниот кадар во основното образование. Учеството на жените наставници во средното образование е 58.6%, додека во високото образование изнесува 47.2%.

Бројот на дипломирани студенти жени во 2011 година изнесува 56.7% од вкупниот број на дипломирани студенти - државјани на Република Македонија. Исто така, и бројот на жените кои магистрирале и докторирале е повисок во однос на мажите.


© Државен завод за статистика