Основни информации
за SDDS - Special Data Dissemination System
Специјалниот систем за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд (SDDS - Special Data Dissemination Standards) е воспоставен од страна на MMF со цел да ги насочи земјите-членки кои имаат или би сакале да имаат пристап до меѓународниот пазар на капитал, да ги применуваат основните начела за објавување на економските и финансиските статистички податоци. Во таа насока GDDS
( општ систем на дисеминација на податоци ) претставува систем, додека СДДС е стандард.
Стандардот СДДС промовира транспарентност и им овозможува на корисниците полесно да создадат претстава за квалитетот и интегритетот на статистичките производи и нивните производители.
Стандардот предвидува четири димензии на дисеминација :
- Периодичност и навременост
- Пристап до јавноста
- Интегритет на податоците
- Квалитет на податоците
Стандардот СДДС ги опфаќа следниве сектори:
- Реален сектор
- Фискален сектор
- Финансиски сектор
- Надворешен сектор
- Сектор Население
За секоја категорија на податоци се дефинирани:
- Основна страница
- Страница за форми на дисеминација
- Страница за методологија
- Календар за навремено објавување
Календарот за навремено објавување ги содржи роковите за секоја категорија на податоци за најмалку четири месеци однапред.
Националната страница на податоци ги содржи најновите податоци за сите категории на податоци пропишани со Специјалниот стандард за дисеминација на податоци.
Структурата на метадатата на стандардот СДДС се базира на рамката за оценка на квалитетот на податоците на ММФ (DQAF -Data Quality Assessment Framework).
линк со SDDS- Национална страница на податоци
|
© Државен завод за статистика