Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Трет состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“
вторник, 28 мај 2013

 

Вчера, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа третата седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“.

Членовите на Управниот комитет го разгледаа нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во третото тримесечје од Проектот.

На оваа седница на Управниот комитет, покрај постојаните учесници и лидерите на проектот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, и г. Ринго Раупах, проект-лидер од Федералниот завод за статистика на Германија, присуствуваше и г. Сиеверт Кристиан - преставник на Германската амбасада.


Линкови:


http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/index.htm


Проектот го финансира Европската унија

 

 

     




© Државен завод за статистика