Вчера, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа втората седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“. Членовите на Управниот комитет го разгледаа и го усвоија нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во второто тримесечје од Проектот. На оваа седница на Управниот комитет, покрај постојаните учесници и лидерите на проектот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, и г.Ринго Раупах, проект-лидер од Федералниот завод за статистика на Германија, присуствуваа и Нејзината Екселенција, г-ѓа Гудрун Штајнакер, амбасадор на Германија во Република Македонија и г. Родерих Егелер, претседател на Федералниот завод за статистика на Германија.
Линкови: http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/index.htm
Проектот го финансира Европската унија