Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Седница на Управниот комитет на твининг-проектот
четврток, 08 ноември 2012

 

Вчера, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредувањето на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“.

Членовите на Управниот комитет го разгледаа и го усвоија нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во првото тримесечје од Проектот.

На оваа седница на Управниот комитет, покрај постојаните членови и лидерите на проектот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, и г.Ринго Раупах проект-лидер од Федералниот завод за статистика на Германија, присуствуваше и г-ѓа Клаудија Јункер од Одделот за статистичка соработка на Евростат.

 

 




© Државен завод за статистика