Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Почетен состанок на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредувањето на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“
четврток, 20 септември 2012

 
На 19 септември 2012, во просториите на Државниот завод за статистика се одржa почетниот состанок на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредувањето на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“, финансиран од Европската унија. На состанокот присуствуваа Директорката на ДЗС, м-р Благица Новковска, лидерите на компонентите и други стручни лица од одделни тимови, како и Лојхс Валтер, заменик-амбасадор на Р. Германија во Р.Македонија, Ринго Раупах, Бернард Рихтер, Леонард Фикс и Шарлот Жул Хансен - претставници на твининг-партнерите, Андреј Бартошевич од Делегацијата на ЕУ во РМ, Весна Цветанова од ЦФСД и Љубица Герасимова од Секторот за европски прашања при Владата на РМ.
На состанокот беа презентирани планираните активности за наредниот период и очекуваните резултати.
 
Овој проект е дел од Националната програма ИПА 2009 и се состои од 4 компоненти:
-         Компонента 1 - Национални сметки
-         Компонента 2 - Секторски статистики
-         Компонента 3 - Градење на капацитети
-         Компонента 4 - Електронско собирање на податоци
 
Проектот ќе трае 24 месеци, односно од август 2012 до август 2014, а планирано е да се реализираат 82 мисии и 6 студиски посети. Вкупниот буџет на проектот за реализирање на сите планирани активности изнесува 1.196.043,67 евра.
 



© Државен завод за статистика