Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Конститутивна седница на Советот за статистика
вторник, 29 мај 2012

 
Новоименуваните членови на четвртиот Совет за статистика ја одржаа својата прва конститутивна седница. на 28.05.2012 г.
Присутните ги поздрави претседателот на Советот, проф. д-р Благоја Маркоски и директорката на Државниот завод за статистика, м-р Благица Новковска и им посакаа успешна работа.
Советот претставува советодавно и стручно тело на државната статистика. Советот е составен од претседател и 14 членови кои ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија.
Директорот на Заводот е член на Советот по функција. Членовите на Советот се именуваат за период од четири години.
 
 



© Државен завод за статистика