Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Петти состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“
четврток, 16 јануари 2014

 

Денес, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа петтата седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“.

На оваа седница на Управниот комитет учествуваа постојаните учесници и лидерите на проектот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, и г.Ринго Раупах, проект-лидер од Федералниот завод за статистика на Германија.


Членовите на Управниот комитет го разгледаа и го усвоија нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во петте квартали од реализацијата на Проектот. Од започнувањето на Проектот, реализирани се 53 мисии, односно 65,4 % од планираните мисии се завршени. Управниот комитет на Проектот оцени дека активностите се реализираат во согласност со работниот план од твининг-договорот.

На состанокот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, ги информираше присутните за статусот на другите два договора од ИПА 2009, договорот за набавка на ИТ системот за креирање на резервна копија и договоорт за изработка на софтверско решение за on-line пополнување на прашалници.


Линкови:
http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/index.htm
Проектот го финансира Европската унија

 




© Државен завод за статистика